Posts

Image
        НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА НАСАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА 1. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд(минерал од најниска класа). Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец. 2. Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" – мрежата за заштита на природните реткости.